Викендов врнежливо, од понеделник заладување
Од утре до понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава. Врнежите ќе бидат од дожд, со умерен интензитет и на места, особено во западните делови, ќе бидат пообилни, а во недела понекаде и над 25 литри на 24 часа.
Според УХМР, на планините во западните делови ќе врне снег. Во сабота и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места.
За време на викендот ќе дува и умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.
Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник ќе има појава на дожд и ќе почне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе биде ветровито, а до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.
Ново на Сител
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот