Македонија
14. September 2018 - 18:17

Викендов времето ќе биде совршено - уживајте!

За време на овој викенд како и во текот на следната недела и понатаму нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, суво и топла воздушна маса од југ која ќе условува сончево и натпросечно топло време за овој дел од годината, а ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, објавува Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност, а овој викенд само на планинските места и тоа на запад има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде околу 6.

Уживајте во прекрасното, летно септемвриско време кое ќе овозможи понатамошно продолжено плажирање на оние граѓани кои се лубители на истото иако веќе наутро станува се посвежо и посвежо со минимални температури на воздухот кој се спуштаат во интервалот од 8 до 15, 16 степени.