Викендов во Скопје второ прскање против комарци
Викендов на подрачјето на град Скопје ќе почне втората авионска и терестричната дезинсекција годинава против комарци.
Како што соопшти Град Скопје, втората авионска дезинсекција во 2016 година против комарци ќе се изврши в сабота и недела во период од 5:30 до 10 часот. Земјената дезинсекција ќе се врши во деновите од 24 до 28 април, во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекција, авионската дезинсекцијата против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.
Градот, како што се наведува во соопштението, ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата