Македонија
12. September 2016 - 10:15

Викендов во Скопје 27 сообраќајки со 20 повредени

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 27 сообраќајни незгоди  од кои во две со потешки повреди се здобиле еден пешак и еден велосипедист, а полесно е повреден еден мотоциклист, во 12 сообраќајки полесно се повредени 17 лица, а 13 поминале само со материјална штета.

Во петокот сообраќајната полиција изврши увид на девет сообраќајни незгоди од кои во една потешко е повреден еден пешак, во четири со полесно повреди се здобиле девет лица, а четири поминале само со материјална штета. 

Во  саботата извршен е увид на девет сообраќајни незгоди од кои во една со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист, а полесно е повреден еден мотоциклист, во четири полесно се повредени четири лица, а четири поминале само со материјална штета.

Во неделата сообраќајната полиција извршила увид на девет сообраќајни незгоди од кои во четири полесно се повредени четири лица, а пет се само со материјална штета. 

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се 68 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 22 возачи што ги управувале своите возила под дејство на алкохол кои се исклучени од сообраќај, осум возачи што поминале на црвено светло и девет возачи почетници што сториле прекршоци по разни основи.

Санкционирани се и 11 пешаци што сториле прекршоци по разни основи и шест возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои не носеле заштитен шлем, а со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 94 возила.

Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „11 Октомври“, објект „Караџа 1 и 2“ во општина Бутел.