Викендов УХМР најавува нови временски неприлики
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи се очекува денеска доцна попладне во јужните делови од земјава.
Нестабилно со пороен дожд и грмежи, според најавите на УХМР, ќе биде и утре попладне претежно на југот и истокот од земјава. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.
Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни над 30 литри на метар квадратен. Локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник претпладне.
Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени. Утре ќе достигне до 33 степени, во понеделник до 28, вторник 32, среда 34 и четврток до 35 степени.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно