Фудбал
14. February 2020 - 16:06

Викендов стартува вториот дел од сезоната во ПМФЛ

По нешто повеќе од два месеци пауза викендов продолжуваат натпреварите во ПМФЛ.

 
Вториот дел од сезоната ќе го отворат лидерот на табелата Вардар и Македонија ЃП кои својот натпревар од 19.коло ќе го играат во сабота, додека останатите средби на програмата се во недела. 
 
Освен дербито меѓу Академија Пандев и Шкендија кое ќе се игра во Струмица со почеток од 13 часот, сите останати натпревари ќе започнат во терминот од 14 часот. 
 
Комплетни двојки за 19 коло
Сабота 
ВАРДАР   -  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
Недела 
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ -  ШКЕНДИЈА
РЕНОВА   -  СИЛЕКС 
СТРУГА ТЛ -  РАБОТНИЧКИ 
ШКУПИ   -  БОРЕЦ 
 
ТАБЕЛА 
1 ВАРДАР 36 бодови
2 ШКЕНДИЈА 28
3 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 27
4 СИЛЕКС 27
5 МАКЕДОНИЈА  Ѓ.П. 26
6 СТРУГА  Т.Л. 24
7 ШКУПИ 22
8 БОРЕЦ 20
9 РЕНОВА 19
10 РАБОТНИЧКИ 15