Македонија
17. March 2016 - 13:11

Викендов сончево и ветровито - Еве какво време не очекува до крајот на месецот

Овој викенд ќе биде вистинска шанса да одмориме од серијата на денови со тмурно и врнежливо време. Претежно сончево време се очекува и во двата дена од викендот. 

Она што ќе биде различно помеѓу овие два дена е тоа што сабота ќе биде поветровита од недела. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер.

И двата дена очекуваат свежи утра, а минималната температура ќе има вредности во границите помеѓу 1°С и 4°С низ котлините, а на повисоките места околу -1°С.

Максималната температура овие два дена ќе биде слична, низ котлините во западниот и северниот крај ќе има вредности од 12°С до 14°С, а на југоисток околу 17°С. 

Овој период на топло и сончево време во секој случај е добра вест и во однос на стабилизирање на хидролошката состојба и значително намалување на ризикот од поплави.

До крајот на месецот, не очекува слично време. Повремена облачност и врнежи од дожд се до почетокот на април.