Викендов продолжува ПМФЛ, Шкендија домаќин на Шкупи, Силекс ја пречекува Струга
Со дуелите од 29. коло викендов продолжуваат натпреварувањата во Првата македонска фудбалска лига (МФЛ), во кое претендентите за шампионската титула Шкендија и Силекс ги очекуваат домашни натпревари.
Воведниот натпревар ќе се игра в сабота, кога од 16 часот Вардар е домаќин на Беса.
Лидерот Шкендија в недела во Тетово ќе го пречека Шкупи, додека второпласираниот Силекс е домаќин на Струга.
Вo недела на програмата ќе бидат и дуелите меѓу Пелистер и Тиквеш, како и Гостивар – Работнички, додека прволигашкото коло ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот во Струмица меѓу Брера и Воска.
До крајот на актуелната сезона во ПМФЛ престанува да се одиграат уште пет кола, а Шкендија води на табелата со 62 бодови, четири повеќе од единствениот конкурент за шампионската титула Силекс.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје