Македонија
3. March 2017 - 10:01

Викендов привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Викендов на булеварот „Борис Трајковски“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради тоа што в сабота и недела ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“. Прекопите ќе се изведуваат пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.