Македонија
11. January 2019 - 14:31

Викендов поларни температури до -15, а од понеделник нови врнежи од снег

До крајот на денов врнежи од снег од локален карактер ќе има во западните и во југозападните предели, додека на скијачките центри Попова Шапка и Маврово веќе снегот достигнува и до еден метар.

Потоа за време на викендот кој следува ќе имаме претежно стабилно и суво време но ќе биде многу студено, минималните температури на одредени места повторно ќе се спуштат и под -15 степени додека максималните на повеќе места ќе бидатг околу па и под нулата.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник ќе имаме нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка.