Македонија
30. September 2015 - 13:14

Викендов петто прскање против комарци

Во Скопје во сабота и недела во периодот од 5:30 до 10 часот ќе се спроведе петтото авионско прскање против комарци, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната авионска дезинсекција, ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Градските власти ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Од Град Скопје посочуваат дека претходно прскањето против комарци беше најавено за 26-ти и 27-ми овој месец, но не се реализираше поради неповолни временски услови.