Македонија
3. March 2019 - 12:32

Викендов откриени 39 возачи под дејство на алкохол

Од вкупно 188 контролирани возачи, кај 39 е утврдено присуство на алкохол при акциска контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 2 и 3 март 2019 во периодот од 23:00 до 5:00 часот за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека се откриени и 53 други видови прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 33 прекршочни платни налози.

Како што информираат оттаму, биле преземени мерки и за непрописно паркирани возила од улиците: „Њуделхиска“, „Орце Николов“, „Јордан Мијалков“, „Герман“, „ Кеј 13-ти Ноември“ и „Партизански одреди“ и со специјално возило „пајак“ биле подигнати 20 патнички моторни возила.