Македонија
2. February 2019 - 8:51

Викендов облачно и потопло време, а од понеделник нов студен бран

Следува период на променливо облачно и потопло време, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. По одделни котлините ќе има појава на магла. За време на викендот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Од понеделник ќе има локални врнежи од дожд со слаб, а во среда со умерен интензитет кога на планините врнежите ќе бидат од снег.