Викендов нов пресврт: Доаѓаат студените денови, подгответе се за најладните денови месецов
- Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната од пет до 11 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса, односно под снежен бран. Се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава повремено ќе бидат од дожд и снег.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од нула до пет степени.
До вторник насекаде се очекува формирање снежна покривка, а на планините ќе има нејзино значително зголемување. Изобилни врнежи од снег се очекуваат во јужните и источните делови на Македонија.
Ново на Сител
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница