Македонија
16. November 2018 - 12:57

Викендов изменет сообраќаен режим во Скопје

 

 Посебен режим на сообраќај ќе биде воспоставен утре и задутре во Скопје во периодот од 07:00 до 17:30 часот поради одржување Меѓународен кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“.

– Утре и задутре во периодот од 07:00 до 17:30 часот во организација на „АКК Примо АВЈ” – Скопје, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“ на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар .„Гоце Делчев“  и  улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“ во Скопје, соопштуваат од МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници  по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.