-->
-->
Викендов авионско прскање против комарци во Скопје
-->
Во раните утрински часови во сабота и во недела (5-ти и 6 август) ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива од недела до четврток (6-10 август) во период од 23 до 4 часот наредниот ден.
Град Скопје соопшти дека ако не дозволуваат временските услови, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Оттаму апелираат и до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари