Викендов 20 сообраќајки во Скопје, двајца тешко повредени
Еден пешак и еден возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а десет лица со лесни телесни повреди во 20 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Според полицискиот извештај, 220 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, 28 возачи возеле под дејство на алкохол, 28 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и 10 возачи почетници.
Исклучени од сообраќај биле и 27 нерегистрирани возила.
Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 24 казни за непрописно паркирани моторни возила, 187 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 152 возила.
Полицијата санкционирала и пет воачи кои поминале коловоз на пешачки премин, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет за неправилно престројување и десет возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени