Македонија
30. March 2021 - 16:54

Викендов 15.000 Mакедонци се вакцинирале во Србија

После големиот интерес на жителите од регионот за вакцинирање во Србија, претседателот Вучиќ порача  дека е во постојан контакт со Скопје и Подгорица и се бараат начини како да се помогне за имунизација на населението. Тој истакна дека за Србија е важно граѓаните на соседните земји да бидат вакцинирани, бидејки регионот е поврзан.

Жителите на Македонија , Црна Гора, и БиХ викендов масовно се вакцинираа на пунктовите во Србија. границата на Табановце  ја преминаа околу 15.000 луѓе со цел да се имунизираат кај северениот сосед.

Потегот на Вучиќ наиде на пофалби но и критики во дел од српските медиуми кои обвинија дека гужви на вакциналните пунктови. Од друга страна опозицијата во земјите од регионот ги обвинија своите влади за неспособност во справување со корона кризата, поради што нивните жители спас мораа да побараат во Србија.