Македонија
3. September 2015 - 15:34

Викендов 15-тата Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води „Охрид 2015“

По повод Денот на независноста 8 Септември викендов кајкејот на Охридското Езеро во Охрид ќе се одржи 15-тата Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води „Охрид 2015“.

На регатата што ќе се одржува во организација на кајак-кану клубот „Стрмец“ од Охрид учество ќе земат натпреварувачи од Македонија, Полска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Грција.

Регатата ќе се одржува на потегот пред хотелот „Милениум“, со почеток од 8:30 часот во конкуренција на кадети/ки; јуниори/ки сениори/ки и тоа во дисциплините К1, К2, Ц1 и Ц2 на 200, 500, и 2.000 метри.