Македонија
5. March 2018 - 10:20

Викендов 12 лица повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите денови (02, 03, и 04.03.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и 12 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди додека 10 лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 35 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 43 возачи: од нив 33 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, додека десетмина управувале возила под дејство на алкохол. Исто така, 46 возила се исклучени од сообраќај: 41 возило заради тоа што имале истечена важност на сообраќајната дозвола, а пет возила биле технички неисправни. 

Покрај ова санкционирани се 11 возачи кои што минале крстосници на црвено светло, петмина неправилно престигнувале а 13 возачи непоседувале пропишана зимнска опрема во возилата.

Во однос на пешаците - санкциониран е еден пешак кој го поминал коловозот надвор од пешачки премин. 

Во текот на изминатите денови издадени се 239 мандатни платни налози, додека 137 возила се подигнати со „Пајак“.