Македонија
24. May 2019 - 9:06

Викендот топло време и можна нестабилност

Топло време со локален пороен дожд не очекува за време на продолжениот викенд.

Метеоролозите за денеска во  попладневните часови најавуваат нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура до 26 степени.

Времето во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

И во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето и температура до 28 степени. Во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи и температура до 29 степени.

Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Температурата ќе се искачи до 28-от степен. Најтопло ќе биде во среда со температура до 30 степени