Македонија
18. May 2016 - 16:52

Викенд временска прогноза која нема да ви се допадне, еве какво време не очекува

Пороен дожд наместа и над 30 литри на метар квадратен, најавува УХМР за петок и сабота.

Пообилни врнежи ќе има во петок во вечерните часови особено во западните и јужните делови.

Во сабота дневната температура ќе опадне за пет до шест степени, а од недела се очекува стабилизирање со повторен пораст на дневната температура.