Македонија
28. October 2016 - 8:17

Викенд временска прогноза: Доаѓа снегот

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег.  Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Утринската температура ќе се движи од три  до 11, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, студено и ветровито.

Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.