Македонија
26. July 2015 - 17:19

Викенд црна хроника

Полицијата имаше полни раце работа овој викенд. Како во крими филм полицајците во раните утрински часови бркаа разбојници во Куманово. Криминалците се фатени во обид за оружен грабеж на бензинската пумпа Твинс Петрол. Полицијата наишла во заседа бидејќи до сега бензинскта била многу пати ограбувана. Разбојниците впериле пиштол на вработената и барале да им се предаде дневниот промет. Во тој момент полицијата веќе им била зад петици побарала да се предадат а откако вооружениот разбојник го свртел  пиштолот кон  нив и се дале во бегство.  Полицијата била принудена да пука, по што еден од  криминалците подлегнал на раните и паднал а другиот избегал во непознат правец. 

– Дејана Недељковиќ портпарол на МВР - По извршениот разговор со повредениот сторител, констатирано е дека станува збор за Б.Х.(19) од село Синѓелиќ. Вториот сторител побегнал од местото на настанот со возило. По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово, Б.Х. бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа пришто бил пронајден и подигнат за вештачење еден пиштол

Разбиена е и криминална група која се занимавала со трговија на дрога. 5 лица се уапсени за увоз и препродавање на кокаин  на дилери и нарко зависниви по 60-70 евра за грам. Полицијата по претходни сознанија, се обидела  да уапси еден од криминалците, тој со автомобил  Голф5 и уште еден член на групата се дале во бегство од Визбегово по Обиколницата. Возачот додека бегал удрил во полициско возило. Полицијата испукала неколку куршуми во воздух предупредувајќи го да застане а откако лицето продолжило да вози, биле принудени да пукаат во Голфот и насила да го запрат. Двајцата дилери се фатени во Сарај.

- Дрогата ја набавувале од западноевропските земји и преку различни канали ја внесувале на територија на Република Македонија. Во рамки на акцијата која е дел од оперативната обработка “Mрежа” запленети се 20 грама кокаин, вага, возило Голф 5, пиштол со три рамки и 15 куршуми, повеќе SIM картички и мобилни телефони, а од осомничените времено одземени се и парични средства во износ од 40.000 евра.))

До сега со акцијата МРЕЖА кривично се пријавени над 180 лица и запленети се повеќе од 500тини различни видови наркотици. Утринава во село Српци Битолско пронајдена е 17 годишна девојка без знаци на ќивот  како лежи на улицата до селското игралиште. До неа имало паднат скутер со битолски ознаки. Смртта ја констатирале екипите на Брзата Помош а полицијата работи на расветлување на сличајот.