Фудбал
16. March 2016 - 18:00

Вијареџо: Убедлив триумф на Академија Пандев

Единствениот македонски претставник на престижниот меѓународен турнир за млади фудбалери „Вијареџо 2016“, Академија Пандев  ја забележа првата победа на Вијареџо купот откако денеска ја совлада екипата на АПИА со резултат 3:0.
 
 После убедливиот пораз од Интер со резултат 4:0 нашите фудбалери тргнаа офанзивно уште на самиот старт на натпреварот и постигнаа два брзи погодоци во 11 и 18 минута од натпреварот. Стрелец на првиот погодок беше Миловановиќ а на вториот Мишов. Во 50 минута со погодокот на Радојќиќ беа поставени конечните 3:0 на натпреварот.
 
Во сабота Академијата Пандев го игра последниот натпревар против Специја,а тој натпревар започнува во 15:00 часот.