Виенски форум: Телекомуникациските компании бараат пониски даноци и предвидлива бизнис клима
Граѓаните ќе имаат бенефит од укинувањето на роамингот во зeмјите од Западен Балкан и компаниите од телекомуникацискиот сектор ќе дадат силна поддршка на овој процес. Но, велат дека тоа ќе има финансиско влијае на нинвите приходи. Овој секор и без тоа во последните години се соочува со намалени приходи. Затоа компаниите бараат владата да компензира на тој начин што ќе ги намали давачките и ќе обезбеди предвидлива бизнис клима.
На владата и е важно и граѓаните да имаат помали трошоци и компаниите да се задоволни на пазарот. Затоа велат дека ќе работат за да излезат во пресрет на барањата на фирмите.
И покрај надолниот тренд во секторот, Вип успешно работи во Македонија. Тоа го покажуваат финансиските извештаи. Трендот продолжи и првиот квартал од оваа година. Затоа компанијата ќе продолжи со инвестиции во Македонија. Дел од тој процес е и ребрендирањето на Вип во А1..
Преку ребрендидирањето на ВИП во А1, Македонија ќе стане дел од големиот европски пазар во кој компанијата е значаен играчшто ќе отвори нови можности.
-
Наташа Хаџиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар