Свет
23. February 2016 - 11:35

Виенска конференција за балканската рута

На иницијатива на министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл Лајтнер, и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, утре во Виена ќе се соберат 18 министри од Западен Балкан кои ќе разговараат за ситуацијата долж балканската рута.

На конференцијата на тема Заедничко управување со миграцијата, ќе учествуваат министри за внатрешни работи и за надворешни работи од Србија, Албанија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија и Словенија.

Цел на состанокот е усогласување во врска со миграциските предизвици.

Учесниците на конференција ќе разговараат на теми кои се однесуваат на внатрешната безбедност, како што се управување со границите, борба против криумчари со луѓе и борба со екстремизмот.

На работен ручек ќе учествува и министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил кој со министрите од Балканот ќе разговара за цивилно-воената соработка и управувањето со границите.