Македонија
22. September 2021 - 17:58

„Вие сте стока“ - наставничка им се дере на ученици во скопско училиште | ВИДЕО

Со навреди, викање и забрани наставничка од скопско основно училиште се обидува да ги научи учениците да не излегуваат од училница, објави „А1он“.

„Одма да пренесете дома, значи вие сте стока. Да не ве видам во таа училница уште еднаш. Заборавете да ве видам во ходник. Срамота. Секоја чест на тие што си седите одговорно внатре ама оваа стокава ќе ви донесе нешто“, вели наставничката во снимката.