Џет-Сет
18. July 2018 - 13:42

„Види ја онаа десно, таа ме масираше вчера“ - Хрватскиот фудбалер мислеше никој не го слуша па му се пофали на колегата

На социјалните мрежи се појави урнебесна снимка од хрватските фудбалери од една прес конференција за медиумуте на Светското првенство во Русија.

Хрватските дефанзивци Дејан Ловрен и Шиме Врсаљко имаа исклучително интересен разговор додека траеше конференцијата. Имено, додека новинарите поставуваа прашања Ловрен на Врсаљко му шепна.

„Онаа таа на крајното десно, таа ме масираше вчера“, се слуша на снимката во моментот кога Ловрен и Врсаљко гледаат во иста насока.

Снимката стана апсолутен хит на социјаланите мрежи.