-->
-->
(ВИДЕО) Западот го совлада Истокот со 192:182 на „НБА Ол стар“ натпреварот
-->
Ентони Дејвис влегува во историјата на Ол стар натпреварите во НБА лигата. Центарот на Њу Орлеанс блесна на победата на Западот против Истокот (192:182), во 66, издание, на најдобрите ѕвезди. Дејвис постигна 52 поени, што претставува нов рекорд на Ол стар дуелите, а воедно беше поставен и рекорд по најмногу постигнати поени на еден меч во лигата.
Центарот на Њу Орлеанс го надмина рекордот на легендарниот Вилт Чемберлејн кој во 1962 година постигнал 42 поени. Дејвис на крајот имаше 52 поени и 10 скока, па тој и Чемберлејн се единствените двајца играчи во историјата кои дале преку 40 поени, а имале и 10 скока.
Очекувано, по ваквата игра, Дејвис го доби и признанието за најдобар кошаркар на мечот. Ова е прв пат по 2011 година, МВП да биде играч кој е од градот домаќин на средбата.
Освен Дејвис, во дуелот на кој имаше неверојатни 374 поени, блескаа и останатите ѕвезди. Кевин Дурант имаше „трипл-дабл“. Тој е само четвртиот играч со вакво постигнување, приклучувајќи им се на Мајкл Џордан (1997), Леброн Џејмс (2011) и Двејн Вејд (2012).
Расел Вестбрук даде 41 поен, па сега тој има вкупно 113 поени на последните три Ол стар средби, што исто така преставува рекорд. Претходниот рекорд по број на дадени кошеви на три Ол стар дуели по ред беше во сопственост на Дурант кој даде 104 поени во периодот од 2012 до 2014 година.
За Западната конфедернција ова беше 28 победа на Ол стар мечевите, додека Истокот остана на 38 триумфи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација