Видео средба Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ
Заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на денешната видео-средба со државниот секретар за ЕУ во Министерството за надворешни и европски работи на Словачка, Мартин Клус, истакна дека Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ односно комплетирање на Европа, но и промотор на ЕУ како унија на вредности.
Димитров на средбата информирал за актуелностите во однос на предизвиците на патот на евроинтеграцијата и нагласил дека фокусот на Владата останува непроменет во однос на европеизацијата на земјата, со уште позасилена посветеност на домашните реформи во светло на европската агенда.
Од владината прес-служба соопштија дека, на состанокот инициран од словачка страна се разговарало за европската агенда и заложбите на Словачка за евроинтегративните процеси на Македонија, како еден од најгласните поддржувачи на проширувањето.
– Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде најмногу може да придонесе, наведоа од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето