Живот
19. November 2017 - 22:02

Видео што го шокираше светот: Скокна од прозорец на соба на 19 кат за да не ја плати хотелската сметка

Кинез се обидел да побегне од хотел без да плати сметка па едвај зачува жива глава и на крајот заврши во затвор.

Со намера да избегне плаќање на хотелска сметка, овој маж сакал да се извлече од хотелската соба на 19. кат и тоа низ прозорец.

Тој се обидел да дојде до соседната зграда која со хотелот е поврзана со телефонски кабли.

Меѓутоа очигледно ги преценил своите акробатски можности и едвај успеал да се извлече жив.

На снимката се гледа како мажот виси на висина од 60 метри и едвај успева да се држи за кабелот. За среќа полицијата успеа да реагира на време.

-Мажот е спасен и поминал без повреди, но е уапсен, соопшти полицијата.

Не е јасно колкава била сметката кога си го ризикувал животот несакајќи да ја плати.

Инаку оваа снимка на социјалните мрежи во Кина е прегледана 7,3 милиони пати.