Ракомет
20. February 2017 - 9:47

(ВИДЕО) Штербик и Дибиров во идеалниот тим на 11. коло во ЛШ

 
Еден од главните творци на победата на македонскиот шампион Вардар на гостиувањето кај ПИК Сегед (23-21) беше голманот, Арпад Штербик кој средбата ја заврши со 14 одбрани, дел од нив во одлучувачките моменти. Ваквиот настап Штербик го смести во идеалниот тим за 11. коло во ракометната ЛШ, каде се најде и Тимур Дибиров, кој во самиот финиш украде неколку топки и беше креатор на големиот триумф.
 
Но, тука не застануваат признанијата, Штербик ја има третата најдобра одбрана. На оваа листата петото место му припадна на македонскиот голман, Борко Ристовски.
 
Најдобриот тим и најдобрите одбрани може да ги видите на следните линкови