Кошарка
24. October 2017 - 18:23

(ВИДЕО) Шредер ново име на листата повредени во НБА лигата

 
 
 
 
Црната серија на повреди на кошаркари во НБА лигата продолжува и во втората недела од нова сезона. 
 
Најновото име на оваа листа е играчот на Атланта, Денис Шредер кој доживеа повреда на скочниот зглоб за време на синоќешниот меч мешу Бруклин и Атланта. 
 
Германскиот репрезентативец во финишот на мечот при еден обиде да го мине противничкиот играч Лаверт, згазна на ногата на противникот по што дојде до дисторзија на левиот скочен зглоб. Тој мораше да го напушто теренот, но среќна околност е што не се работи за посериозна повреда. Прегледите покажле дека нема посезиозна повреда односно кинење на лигаментите, па Германецот се очекува брзо да се врати во тимот. 
 
 
Сепак, останува горчината од лошиот „малерозен“ старт на сезоната, во која веќе се случија повеќе сериозни повреди, а речиси и да нема тим кој е без повреден играч. 
 
Се започна во премиерниот меч кога играчот на Бостон, Гордон Хејворд по само пет минути од старто на мечот против Кливленд се здоби со скршеница на тибијата. 
 
Црната серија ја продолжи Џеремин Лин од Бруплин, па настрада Крис Пол кој нема да може да му помогне на Хјустон во наредните месец дена. Николас Батум од Шарлот, заработи повреда на лактот Дерик Роуз дисторзија на скочиот зглоб, а слични повреди имаа и Родни Худ, Дрејмонд Грин па и новото засилување на ЛА Клиперси, Милош Теодосиќ.