Loading Video...
Кошарка
10. April 2020 - 16:45

(ВИДЕО) Селекторот Тодоров за одложувањето на Еуробаскет

Пребукираниот календар на настани за следната година, создаден по низата на откажувања на големите светски првенства од оваа и преместување во идната календарска година, веќе направи голем хаос во светските спортски календари. 
 
Вчера тоа беше случај со Европското кошаркарско првенство кое е презакажано за 2022 година. 
 
Сепак квалификациските натпревари во кои настапуваа и македонската репрезентација, остануваат непроменет односно Македонија во октомври ќе гостува во Италија и Естонија, а според календарот во февруари 2021 во Скопје ќе ги пречекаме Русија и Италија. 
 
За одложувањето на шампионатот разговаравме со селекторот на македонската репрезентација Александар Тодоров, кој како повратник од Романија, го минува задолжителниот самоизолациски процес, прво во хотелот Ибис во Скопје, а сега во домашни услови.