Loading Video...
Кошарка
25. March 2019 - 10:22

(ВИДЕО) Приморска е противникот на МЗТ Скопје во финалето на АБА2 лигата

 
Словенечката екипа Сикст Приморска ќе биде противникот на македонскиот вице-првак МЗТ Скопеје Аеродром во финалето од плејофот на кошаркарската АБА 2 лига. 
 
Откако МЗТ и по втор пат беше подобар од сараевски Спарс, и составот на Сикст Приморска го доби второто полуфиналето против Борац Чачак во два меча, откако синоќа на гостински терен тимот од Копер славеше со 73-69.
 
Финалната серија се игра до три победи и тоа со двата дуели во Словенија на 1 и 2 април, по што екипите се селат во Скопје каде што ќе ги одмерат силите на 3 април, а ако има потреба, ќе играат и еден ден подоцна. Евентуалната „мајсторка“ ќе се одигра на 8 април во Копер.
 
Што се однесува до меѓусебните дуели во регуларниот дел од словенечката екипа ги доби двата натпревари, првиот во Копер (3.коло -11.10.2018) со  91-84, а вториот во Скопје (14.коло - 03.01.2019) со кош во последната секунда (77-78). 
 
Победникот од оваа пресметка ќе обезбеди настап во првата АБА-лигата следната сезона, додека поразениот ќе има уште една шанса преку бараж дуел со хрватски Задар.