(ВИДЕО) Одличен настап на македонските мотоциклисти на меѓународна сцена | Сител Телевизија
Loading Video...
Спорт плус
16. April 2018 - 14:40

(ВИДЕО) Одличен настап на македонските мотоциклисти на меѓународна сцена

 
Изминатиот викенд го бележиме и одличниот настап на македонските мотоциклисти на меѓународна сцена
 
Нашиот претставник во БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, клубот МК Ендуро Тим Водно, викендот учествуваше на првата трка која се одржа во Серес, Грција.
 
Христијан Бузалковски се натпреваруваше во две класи. Во класата Ф600 по трето време во првата трка имаше пех со моторот и на крајот остана без пласман. Во класата SP125  на крајот на првата трка тој заврши на втората позиција, а по втората трка заслужено ја забележа првата победа во сезоната.
 
Во категоријата мотокрос двајца возачи учествуваа на трката за Српскиот шампионат која се одржа во Крушевац.
 
Христијан Станковиќ го освои второто место на првата трка, а во втората трка во голема борба со конкуренцијата успеа да се избори за победа и заврши на првото место.
 
Виктор Караколев го освои 7.место класата МХБ.