Видео обраќање на Мицкоски: Заев и Владата удираат и по пензионерите кратејќи им ги пензиите
По зголемување на даноците и пресметката со пазарџиите, Заев и Владата удираат по пензионерите кратејќи им ги пензиите, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето видео обраќање.
-Зоран Заев и Владата ќе кратат пензии. Владата по зголемувањето на даноците и зголемените давачки за граѓаните, за земјоделците, трговците, по ударот на пазарџиите, сега удира и по пензионерите кратејќи им од пензиите.
Две години се на власт и нема зголемување на пензии, нема растење. Но сега владата на Зоран Заев со законски измени во однос на усогласувањето на пензиите ќе крати од нив. Имено согласно законот секоја година на пензионерите им следува минимално законско усогласување по што пензиите растеа за одреден процент. Сега оваа влада со законски измени го крати тој процент, односно практично крати од пензиите. Пензиите повеќе нема да растат како последица на просечно нето исплатената плата за сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Со ова уште еднаш се потврдува шарената лага на Зоран Заев и оваа влада за реформи во економијата и воведување на таканаречената минимална нето исплатена плата за вработен, бидејќи гледаме дека Буџетот не може да го следи исплатувањето на пензиите во Република Македонија.
Тоа сега се укинува и се анулира. Така ќе се крати од пензиите. А се работи за 300 илјади граѓани на нашата земја кои ќе бидат оштетени.
Кратењето на пензиите и врвот на неспособноста на владата.
Пред изборите ветуваа зголемување секоја година, но денес имаме практично кратење. Тоа е нечесен однос кон оваа категорија на граѓани, на кои им е важен секој денар. Останува дилемата дали кратењето на пензиите е покритие за криминалите кои се одвиваат во сите пори во општеството?
Пензионерите ова не го заслужуваат. Оваа влада треба да си замине веднаш. А пензионерите заслужуваат достоинствен и мирен живот, потенцира Мицкоски во видео обраќањето.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка