Loading Video...
Фудбал
16. April 2018 - 14:59

(ВИДЕО) Наградените вардарци не ги криеја емоциите

Ракометарите на Вардар и по петти пат, втор во низа, ја освоија СЕХА лигата. 

Доминацијата црвено-црните ја потврдија со дури четири индивидуални признанија, односно четворица свои ракометари кои се најдоа во идеалниот состав на лигата за сега веќе изминатата сезона. 

Лука Циндриќ покрај признанието за најдобар централен бек во СЕХА лигата, беше прогласен и за „МВП“, додека големиот борец Игор Абутовиќ заслужено го понесе приматот најдобар дефанзивец, а Тимур Дибиров кој го постигна најубавиот гол во финалето за најдобро лево крило. Неприкосновениот на голот Арпат Штербик разбирливо го освои признанието за најдобар голман. 

Во продолжение нивните изјави по освојувањето на титулата.