Кошарка
18. February 2018 - 10:49

(ВИДЕО) Мичел го имаше најубавото забивање на „Алл-стар“ викендот

Играчот на Јута Џез, Донован Мичел, за само еден поен го победи Лери Ненс Јуниор во финалето на натпреварот за забивање на Ол-стар викендот.
 
И покрај тоа што има само 193 сантиметри, Мичел беше одличен и имаше атрактивни забивања.
 
Во последниот обид тој го облече дресот на Винс Картер од Торонто и го повтори забивањето од пред 18 години, кога легендарниот НБА играч беше победник.