(ВИДЕО) Македонија слави победа на стартот на Европско првенство
За првпат на ЕП македонската репрезентација на отворањето почнува со победа. Совладана на стартот е Словенија со 25:24 по голема борба.
Нашите ракометари лошо го почнаа натпреварот и противникот го искористи тоа за да поведе по 10 минути со 5:2. Оваа предност ја чуваа до финиошт на првиот дел. Во овој период Македонија не успеа да реализира и предност од два играчи повеќе како и неколкуте исклучувања кај противникот, кој би рекле очекувано наметна груба игра. Одличен на голот на Словенија беше и голманот Скок (до крајот на првиот дел имаше 9 одбрани), кој ги одбрани сите удари на нашите од крилната позиција. Сепак во финишот на првиот дел по водството на Словенија од 11:8 во 21.минута Македонија ја состави одбраната и Митревски кој „врза“ неколку одбрани овозможи нашата селекција да дојде до изедначување со голот на Талески со звукот на сирената за крај на првиот дел – 11:11.
Македонија почна во вториот дел фуриозно и серијата од 3-0 од крајот на првиот дел ја подолѓи со 4-0 за водство од 15:11. Притоа промашивме и празен гол на противникот. Словенија серијата од 9 минути без гол ја прекина откако Македонија имаше три исклучени играчи. Словенија брзо се врати со серија од 3-0 16:15. Во продолжение се играше гол- за – гол, а Словенија во вториот дел првпат поведе во 51.минута, кога врза два гола по ред. Во решавачките моменти браќата Лазарови постигнаа два гола за водство од 25:24, а до крајот на дуелот Словенците не постигнаа гол како дел од многуте грешки пред се благодарение на нашата одлилна одбрана.
Најефикасни кај Македонија беа Манасков со 8 голови и К.Лазаров со 6.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк