Фудбал
27. јуни 2016 - 20:34

(ВИДЕО): Крајот на доминацијата на „црвената фурија''

Европа ќе добиде нов фудбалски владател. 

 
По елиминацијата во 1/8 финалето на ЕП во Франција и поразот од Италија со 2:0, репрезентацијата на Шпанија ќе нема можност да дојде до „хет-трик„. 
 
„Црвената фурија'' на ова ЕУРО беше далеку од изнанијата со кои доминираше изминатите години низ стариот континент, кога освои две круни на првенствата 2008 и 2012-година. 
 
Многу веројатно дека ова беше и последно големо натпреварување на легендарниот шпански голман Икер Касиљас, како и одличниот организатот на играта Андрес Иниеста, кој со солзи во очите го напуштија теренот на стадионот во Бордо по поразот од Италија. 
 
Дали, ова ќе биде и крај на ерата на слекеторо Дел Боске, останува да се види, но лесно е да се претпостави, дека човекот кој им донесе две европски и една светска титула во низа на Шпанците ќе ја отстапу функцијата на некој друг.
 
А, еве како Италија ја победи Шпанија. 
 
 
vid.me/Mu6D