Живот
8. October 2018 - 10:10

Видео кое ќе ги вознемири мажите: Дозна дека ја изневерува, зема палка и реши да се одмазди на автомобилот

На интернет се појави снимка од жена која дознала дека нејзиниот маж имал афера па одлучила да му се одмазди.

Меѓутоа не била свесна дека ја снима камера.

Снимката настанала некаде во Америка, а на неа се гледа жена со палка како удира по Corvetti Z06.

Додека едни говорат дека добил тоа што го заслужил, на другите тешко им е да го гледаат разбивањето на скапоцениот автомобил, а некои додале дека тоа секако не е начин за решавање на нивниот проблем.