Живот
2. August 2016 - 20:49

Видео кое го вознемири цел Балкан: Ученик малтретира професор

 
Во Босна и Херцеговина се појави видео кое предизвика лавина коментари и ја згрози јавноста во таа земја, но и во регионот. На видеото е прикажано како ученик малтретира еден професор во средно училиште во Цазин.
 
На видеото се гледа како професор бара од ученик да му го врати дневникот, а ученикот не сака и притоа го исмева и малтретира професорот, а се испратено со насмевка и поддршка од соучениците.