Живот
14. November 2018 - 23:08

Видео кое го разнежни светот: Од војната побегнале во Канада и таму за прв пат виделе нешто, за што претходно можеле само да сонуваат

Голем број на бегалци од разни краеви на светот, својот дом го пронашле во Канада.
 
Тие биле приморани поради сиромаштијата или војната да го напуштат својот дом, па одлучиле во нова земја да започнат подобар живот.
 
Така некои се преселиле во Торонто, а таму децата за првпат виделе снег.
 
Иако оваа временска појава е дел од секојдневниот живот на Канаѓаните, за овие деца тоа било посебен ден.
 
Момче и девојче се радувале, се смееле и скокале од радост, а нивната реакција била забележана на снимка, која го разнежнила светот.
 
Целата случка ја снимила Ребека Дејвис, која е домаќин на семејства од Еритреја.
 
Потсетуваме дека Канада е една од ретките земји во светот која им пружа поддршка на бегалците. Помеѓу 2015-та и 2016-та година во оваа земја се доселиле повеќе од 25.000 бегалци.
 
Канадскиот премиер Џастин Трудо јавно им посакал добредојде.