-->
-->
(ВИДЕО) Кобиевите дресови „8 и 24„ вечерва заминуваат во историјата
-->
Дресовите на НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс со број „8 и 24„ кои ги носеше Коби Брајант ќе бидат повлечени во чест на легендарниот кошаркар.
На натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и шампионот Голден Стејт, на свечена церемонија ќе бидат повлечени двата дреса „8 и 24“ со кои Коби Брајант целата своја кариера настапуваше за „езерџиите“, со кои освои пет шампионски трофеи.
Три од петте титули Коби ги освои носејќи го дресот со број „8“ во периодот 1997 до 2006 година.
„24-ката“ Коби со Лејкерси освоија два трофеи, а истиот го носеше девет сезони во периодот од 2006 до 2015 година.
„Црната мамба“ ќе стане десетиот играч чиј дрес ќе биде „пензиониран“ од Лејкерс, но воедно е првиот играч во историјата со два повлечени дреса кога е во прашање еден клуб.
Коби официјално ја заврши својата играчка рариера на импресивен начин, кога во прошталниот дуел во „Стејплс Центарот“ постигна 60 поени против тимот на Јута.
Церемонијата на повлекување на дресовите на Брајан „8 и 24“ ќе се случи ноќеска на полувремето од дуелот меѓу ЛА Лејксер и Голден Стејт кој е закажан за 2 часот и 30 минути по полноќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“
-
Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест
-
Лекари од Токсикологија на прес-конференција алармираат за хаос на Клиниката
-
Во Струмица оштетен билборд на претседателскиот кандидат Бујар Османи