Ракомет
26. May 2018 - 16:46

(ВИДЕО) Кире Лазаров повторно испиша историја во Лигата на шампионите

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Ларазов, влезе повторно во историјата на европскиот ракомет. 

Лазаров кој со францускиот тим Нант е дел од фајнал-форот на Лигата на шампионите, веќе го стори тоа како прв играч кој со четири различни екипи настапил на завршницата. 

Со осумте постигнати гола во полуфиналето против големиот ривал ПСЖ, и вкупно 59 Кирил Лазаров стана најдобриот стрелец во историјата на завршните турнири во елитното натпреварување,оставајќи ги зад себе Чехот, Филип Јиха и Србинот, Момир Илиќ.