Кошарка
20. November 2017 - 11:19

(ВИДЕО) Јокиќ и тренерот на Денвер го нападнаа судијата

 
Српскиот интернационалец во дресот на Денвер Нагетс и неговиот тренер Мајк Мелоун во ист момент заработија технички исклучувачки грешки во 18. минута на мечот одигран изутринава против Лејкерс во Лос Анџелес.
 
Двајцата беа испратени во соблекувалните од судиите по една спорна ситуација при што Јокиќ сметаше дека не е досудена лична грешка врз него.
 
Следуваше жестока реакција на Мелоун кој влезе во терен и вербално го нападна судијата, истовремено и Јокиќ протестираше.
 
НБА судиите не толерираат такво однесување и тоа го покажаа уште еднаш.
 
Натпреварот заврши со победа на Лејкерс 127:109.