-->
-->
(ВИДЕО и ФОТО) Германија против Уругвај и Франција против Англија на Мундијалот во Русија
-->
Во исчекување на денешното извлекување на групите за претстојното Светско фудбалско првенство 2018 во Русија, кај најголемиот дел од светските спортски медиуми, внимание пивлекува исходот од силумацијата, односно објасувањето според кое ќе биде извршена ждрепката.
Според видеото постирано од ФИФА, најинтересена би била Ф групата во која покрај светскиот шампион Германија, би се нашле и репрезентациите на Уругвај, традиционално силниот тим на Нигерија и секогаш непредвидливата селекција на Данска.
Ривалството меѓу Франција и Англија секогаш е во фокусот на вниманието, па овие две селекции се сместени во истата Х група заедно со Тунис и Саудиска Арабија.
Европскиот шампион Португалија за противник би ја имал соседна Шпанија, како и Кореа и Сенегал, додека Бразилците би се нашле во група со Хрватска, Костарика и Јапонија.
Ако им се посреќи на домаќините, па симулацијата да биде иста и по извлекувањето, тогаш Русите би биле главни фаворити во А групата во која за противници би ги имале Швајцарија, Египет и Австралија.
Вака изгледа исходот, од симулацијата на ждрепката за рускиот Мундијал.
Но, дали тоа ќе исходот, изгледот на групите, останува да се види по извлекувањето закажано за попладнево (16 часот) во Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар