Фудбал
30. November 2017 - 14:13

(ВИДЕО) Гремио по две децении го освои Копа Либертадорес

 Бразилски Гремио го освои трофејот во Копа Либертадорес, откако ноќеска по втор пат во финалната пресметка го победија Ланус од Аргентина. Гостите славеа триумф со 2:1 и по минималната победа на свој терен (1:0), со вкупни 3:1 се искачија на тронот.
 
Стрелци на головите за бразилскиот тим беа Фернандињо и Луан, домаќинот преку Хозе Санд успеа само да го ублажи поразот.
 
За бразилскиот клуб, ова е трет трофеј во Копа Либертадорес и прв по 22 години. Претходните два му се од 1983 и 1995 година.
 
Последен пат Гремио играше во финалето во 2007 година, кога загуби од Бока Јуниорс.
 
Ланус пропушти шанса за прв пат да го освои трофејот во престижното јужноамериканско натпреварување